ru24.pro
World News in Macedonian
Май
2017

Синот на Порошенко го прекоруваат за маичката со натпис „Русија“

0

Новинарот на „Радио Слобода“ Левко Стек укажа на написот на изданието „Табло ID“ за фотографиите на учениците во британскиот меѓународен колеџ Concord, меѓу кои е и Михаил Порошенко, најмладиот син на претседателот на Украина Петро Порошнеко. На една од фотографиите младичот позира во маичка со натпис „Russia“ (Русија).

„Последниот десно е Михаил. (...) Тој е веќе сопственик на стилска маичка  "Russia". Има да си добие од тато за таа фото-сесија“, напиша Стек на „Фејсбук“.

Порошенко ја спореди Русија со крокодил

Во коментарите на објавата на новинарот има критики за Порошенко-јуниор. „Ако нема мозок, нема ни да го има“, истакнува еден од корисниците. „Не е моја, на тато е“, се шегува друг.

Како за потврда, објавена е и втора фотографија на која се гледа пријател на Михаил кој носи исто таква маичка каде во целост се гледа натписот „Russia“.

Помалиот син на Петро Порошенко, како што пишува сајтот РИА „Новости Украина“, учи паралелно и во колеџот Concord, и во киевскиот Кловски лицеј.

Украинскиот претседател има четири деца – 32-годишниот Алексеј и Михаил (роден 2001), како и близначките Евгенија и Александра, родени 2000 година, пренесува „Лента.ру“.