Денеска телефонски разговор меѓу Путин и Трамп
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска планира да одржи телефонски разговор со претседателот на Русија Владимир Путин, соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на Белата куќа. Кремљ ја потврди оваа информација. Разговорот е планиран за 19:30 часот по московско време.
Зошто му подготвија на Путин „психолошко досие“ за Трамп
Телефонскиот разговор ќе биде трет по ред меѓу претседателите на САД и Русија. Претходно Путин му ја честиташе на Трамп инаугурацијата, а вториот разговор се одржа на иницијатива на американската страна по повод терористичкиот напад во Санкт Петербург.
Како што се очекува, Путин и Трамп денеска ќе разговараат за мирно решение за Сирија.
Како што претходно соопшти „Комерсант“, личната средба меѓу претседателите на Русија и САД може да се случи во текот на месецов. Меѓутоа Кремљ соопшти дека нема договор за таков формат на преговори.
