ru24.pro
World News in Macedonian
Апрель
2017

Руската опозиција протестираше вчера во неколку градови

0

Акцијата на движењето „Отворена Русија“ на Михаил Ходорковски во центарот на Москва помина без нарушување на јавниот ред и мир, се вели во соопштението на полицијата на рускиот главен град.

Според информациите на МВР на РФ, во акциите учествуваа околу 250 луѓе.

„Не знам кој имаше очекувања“: каде отидоа политичките протести?

Учесниците во протестот дојдоа до зградат на администрацијата на претседателот на Стариот плоштад за да поднесат апел до претседателот Владимир Путин со барање да не се кандидира за нов мандат.

Според шефот на московското одделение на „Отворена Русија“ Марија Баронова, акцијата во Москва поминала без приведувања и сите успеале да го достават обраќањето.

Истовремено се одржа акција и во Санкт Петербург. Таму беа приведени повеќе од 60 лица, пренесува РБК.