Американски исфрлувач ѝ пукал на Русинка в тил во државата Орегон
27-годишната Ана Репкина е пронајдена убиена во округот Елси во државата Орегон, соопштува „ОрегонЛајв“. Според информациите на полицијата во градот Корволис во кој пристигнала на почетокот на пролетта Репкина, виновен за убиството е нејзиниот љубовник Вилијам Чејс Харгроув.
Русија во очите на Холивуд
Полицијата изјави дека Репкина во последно време била невработена и пристигнала во градот „да се омажи“. Нејзиното тело беше откриено на приватен имот, по што полицијата го уапси Харгроув.
Обвинителството смета дека Репкина била во „интересен љубовен триаголник“ со осомничениот и друга жена, која му поставила ултиматум на Харгроув. Таа барала, тој да направи дефинитивен избор.
Американецот решил и ја однел жртвата на оддалечено место, каде што ѝ пукал в тил, „буквално како да вршел егзекуција“, тврди американското обвинителство, пренесува RT.
