ru24.pro
World News in Macedonian
Апрель
2017

Русија и Сирија ќе снимаат игран филм

0

Снимањето на првиот руско-сириски игран филм „Палмира“ ќе почне на крајот на годината, изјави режисерот и сценарист на филмот Иван Болотников, соопштува Министерството за култура на РФ.

Планот на режисерот е да почне со подготвителната етапа есенва, а снимањето да стартува на крајот на годината. Според Болотников, проектот е меѓународен и покрај Русија и Сирија во него ќе бидат вклучени Либан, Франција и други земји.

Во филмот се зборува за еден дагестански лекар, чиј живот се распаѓа кога неговата сопруга со малолетните ќерки тајно бега во Сирија, пренесува „Газета.ру“.

5 руски филмови кои го освоија светот