ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2017

Советничка на Трамп потврди дека се разгледува укинување на санкциите

0

Советничката на претседателот на САД Келиен Конвеј соопшти дека наскоро е можно укинување на санкциите против Русија.

Медиуми: Трамп подготви указ за укинување на антируските санкции

„Сето тоа се наоѓа во процес на разгледување“, изјави таа во петокот во програмата на телевизијата „Фокс Њуз“, одговарајќи на прашање на новинарот.

Од друга страна, портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не знае колку се точни соопштенијата во медиумите.

„Не, ништо не се знае и, колку што знам, информацијата е обезличена и не знам колку одговара на реалноста“, коментираше Песков, пренесува „Интерфакс“.