ru24.pro
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Лавров: НАТО треба да престане со воените активности на руските граници

0

Текстот на говорот на министерот е објавен на сајтот на МНР РФ.

Лавров истакна дека во моментов Алијансата создала „затворен натоцентричен систем“ и работи на распоредување на своите сили и воената инфраструктура на Исток.

НАТО: Засилено руското присуство на Балканот, санкциите да продолжат

„Земјите-членки на НАТО треба да ги прекина воените активности и распоредувањето на инфраструктурата на границите со Русија“, потенцираше Лавров, пренесува РТ на руски.

Според него, сѐ додека Алијансата создава воена реалност во однос на Русија, невозможно е да се обнови довербата и да се започне дијалог.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека во случај на потреба, Алијансата е подготвена на засилување на военото присуство на истокот на Европа.