Верижна сообраќајна незгода со десет автомобили во тетовско
Од вкупно 200 собраќајни незгоди кои се случиле во текот на вчерашното деноноќие во тетовскиот реон имало четири сообраќајки, од кои една верижна со учество на 10 возила, а во Гостиварско имало 15 сообраќајни незгоди. Причините за дел од сообраќајните незгоди се во замрзнатите коловози.
Поради пад на температурите во текот на изминатото деноноќие дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата, што доведе до зголемен број на пријави од граѓани и возачи, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според ЦУК, примени се и бројни пријави од граѓани од градовите Тетово и Гостивар, како и од околните населени места за замрзнати споредни и локални улици.
Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово стапи во контакт со надлежните од Општините Тетово, Гостивар и Желино, од каде е потврдено дека се ангажирани фирми за зимско одржување, како и дека на терен се врши посолување на патиштата по приоритети.
