Загадувачите со новиот закон ќе продолжат „легално“ да загадуваат над дозволените граници
Новиот Закон за индустриски емисии дозволува фабрики до шест месеци или 500 часови да работат над утврдените гранични вредности на емисии на штетни материи. Државата сè уште ја толерира зависноста од јаглен, а истовремено усвојува закони за усогласување со европските стандарди и за постепено затворање на најголемите индустриски загадувачи.
