Истрага за наводна незаконска градба на семејството на ексградоначалникот Костадинов
До Антикорупциска и ОЈО во пријава од група граѓани е наведено дека фирма на сестрата на Костадин Костадинов гради незаконски во Струмица. Обвинителството води предистражна постапка против поранешниот градоначалник на Струмица. И Костадинов и неговата сестра Тања ги отфрлаат обвинувањата.
