Капиталните инвестиции растат на хартија, но недоволно на терен
Во буџетот на 2026 година за капитални инвестиции се предвидени речиси 10 отсто од парите. На хартија со години властите ветуваат развој на земјата со капитални инвестиции, но во пракса ретко кога годината ја завршуваат со максимум реализација од она што е планирано во државниот буџет.
