ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Германија ќе премести борбени авиони во Полска за патролни летови на НАТО

0

Германија ќе стационира авиони „Еурофајтер“ во полската воена воздухопловна база во Малборк за подобро да ги заштити источните членки на НАТО, објави германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, јави агенцијата ДПА.

„Ќе придонесеме за заштита на источното крило со патролни летови. Toa нè прави уште поактивни, присутни и видливи на источната граница на алијансата“, рече Писториус на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

НАТО во септември почна нова мисија за подобро да го заштити воздушниот простор на своите источноевропски членки по низата нарушувања на воздушниот простор од страна на Русија.

Борбените авиони ќе го зголемат придонесот на Германија во мисијата наречена „Источна стража“.

„Кога (рускиот претседател Владимир) Путин ги тестира нашите граници, без разлика дали се во Полска, Естонија или на друго место, ние одговараме решително, брзо и ефикасно“, рече Писториус.

Германија досега стави на располагање четири авиони „Еурофајтер“ стационирани во воздухопловната база во Росток-Лаге, кои можат да учествуваат во вооружени патролни летови над Полска.

Франција, Велика Британија, Чешка, Данска и други земји исто така учествуваат во „Источна стража“.

Во рамките на мисијата, се распоредува традиционална опрема за воздушен надзор и воздушна одбрана за заштита на небото на сојузниците на НАТО, како и мерки за справување со упади на беспилотни летала.

Во септември, три руски борбени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор, откако голем број руски беспилотни летала го пробија полскиот воздушен простор. Дроновите во Данска сериозно го нарушија данскиот воздушен сообраќај. Романија, исто така, минатиот месец регистрираше руски дрон како влегува во нејзиниот воздушен простор.