Старечки домови под истрага поради насилно и нехумано однесување
Два старечки дома се под истрага за третманот кон луѓето што биле сместени во нив. Во двата, фигурира иста директорка. Обвинителството тврди дека имало физичко и психичко насилство, се давале непрепишани лекови и немало доволно оброци. Забелешки за храната и немањето доволно персонал инспекторите наоѓале и пред две години, покажуваат извештаите.