Шукова: Вардариште треба да се загради и да биде претоварна станица
Не сме спремни Дрисла да биде под јавно-приватно партнерство, вели Каја Шукова кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ. Отпадот, загадувањето на воздухот и јавниот превоз, се меѓу нејзините приоритети за главниот град. Првата линија од БРТ, според неа, може да започне да вози за три години. Како ќе ги реализира ветувањата кога јавните претпријатија тонат во долгови, но и како би соработувала со централната власт на ВМРО-ДПМНЕ, се дел од прашањата на кои Шукова одговара во предизборното интервју на Радио Слободна Европа (РСЕ).