Хронологија на една негрижа: Oткако 40 години не ја заврши постојната, државата сега ќе прави нова болница во Кичево
Образложението е дека објектот што веќе е изграден е статички нестабилен и прашање е дали може да издржи надградба и инсталација на потребната медицинска опрема. Министерството за здравство не одговори која фирма ја направила оваа проценка и кога ќе почне повторно да се гради нова болница, бидејќи „активностите се во рана фаза“. Во меѓувреме, граѓаните и натаму се лекуваат во објект што се распаѓа стар еден век.