Родителите на деца со попреченост бараат статус на „родител - негувател“
Родителите на деца со попреченост преку петиција бараат законски измени за да добијат статус на родител-негувател. Голем дел од нив не можат да работат поради целосната посветеност на децата. Исклучени од пазарот на труд, сметаат дека треба да добиваат месечен паричен надоместок од државата. Од надлежното министерство велат дека се отворени за соработка и размена на идеи.