Детство под ведро небо: Мерките против питачењето без ефект
Неколку центри за згрижување во цела држава не се доволни да им помогнат наоколу 300 деца принудени на питачење, предупредуваат граѓанските организации. Во лето од Скопје децата „ги селат“ за питачење во туристичките центри. Во Шуто Оризари Дневен центар оставен без финансии заради технички проблем, па вработените со донации ги спасуваат децата.