Во недостиг на долгорочно, се бара краткорочно решение за паркингот на Клинички
Една недела откако седна во министерската фотелја, првиот човек на здравство Азир Алиу бара решение за ослободување на сообраќајниот хаос на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од Владата велат дека прашањето е нејзин приоритет, но, се уште нема конечно решение по пропаѓањето на тендерот со албанската „Ѓока констракшн“.