Три месеци по трагедијата во Кочани - повредените бавно закрепнуваат
Вкупно 58 пациенти ќе добијат компресивна облека за третман на лузните здобиени во пожарот во Кочани, додека повредените чекаат да почнат да се рехабилитираат во одморалиштето на Пониква. Денеска навршуваат три месеци од пожарот кој одзеде 62 животи, а речиси 200, главно млади, беа повредени.