ru24.pro
World News in Macedonian
Июнь
2025
1 2 3 4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Со протести во 30 градови во Србија се бараат избори

0

Студентите за денеска најавија нови протести на повеќе од 30 места низ Србија со истото барање – да се распишат избори.

Во Белград е најавена блокадата на два витални патишта, Бранков Мост и Газела, од 18:00 до 21:16 часот.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Барнабиќ, на социјални мрежи коментираше:

„Денеска повторно малтретирање на граѓаните од блокадерите. Без никаква смисла и никаква цел. Само голо насилство и терор врз обичните луѓе“, напиша Брнабиќ.

Од друга страна, организаторите порачуваат дека ова не е само протест, туку предупредување– дека граѓаните ширум Србија бараат фер избори, отчетност и демократија. Протестот, според нив, е симбол на заедничка волја и обединет отпор против, како што велат, игнорирањето на јавниот глас.