Русија ја прогласи Амнести Интернешнел за „непожелна организација“
Русија ја означи Амнести интернешенел како „непожелна организација“, со што ја забрани оваа глобална организација за човекови права и стана казниво, според руските закони, да се има каква било поврзаност со неа.
Рускиот јавен обвинител во изјавата на 19 мај рече дека потегот е преземен затоа што Амнести „е центар на подготовка на глобални русофобични проекти“.
Немаше никаков коментар од Амнести Интернешнл, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1977 година за нејзината „одбрана на човечкото достоинство од тортура“ и Наградата на Обединетите нации во областа на човековите права во 1978 година.
Русија тврди дека организациите на списокот се закана за националната безбедност на земјата. Сепак, експертите велат дека тоа е само обид на руските власти да ги задушат сите гласови што не се усогласуваат со ставовите на Кремљ.
Десетици медиуми, организации кои се занимаваат со политички, културни и образовни активности, поддршка на демократските институции, како и верски организации се ставени на листата во последните години.
Во јануари 2024 година и Радио Слободна Европа/Радио Либерти се најде на листата непожелни.
Руските граѓани се соочуваат со затворска казна до пет години за соработка со „непожелни“ организации или помагање во нивното финансирање во Русија.