По трагедијата во Кочани, собраниската говорница остана нема
Собранието втора недела нема седници по трагедијата во Кочани. Во ваква ситуација, наместо да биде невидливо, буквално целиот парламент може да се мобилизира, смета Трошановски од Институтот за демократија. Пратениците се тие што треба да бидат двигател во справувањето со ситуацијата, смета и поранешниот спикер, Петковски. Пратеници од власта, пак, велат дека тоа што нема седници, не значи оти не работат ништо.