ru24.pro
World News in Macedonian
Март
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

СДСМ обвинува за судир на интереси, министерот Андоновски демантира

0
Опозициската СДСМ  обвинува за судир на интереси со два тендера во Министерството за дигитална трансформација. Според нивното обвинување станува збор за две јавни набавки за опрема кои ги добила фирма застапувана од сопругот на државната секретарка во министерството Гордана Клинчарова.  


„Само од овие два тендери, преку Министерството на Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото министерство“, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.


Кузевска тврди дека фирмата претходно била дел од изведувачите на проектот Скопје 2014 година, а донирала и во општина Аеродром  кога со општината раководел тогашен градоначалник, а сега министер Тимчо Муцунски, кога токму Клинчарова била наздначена за Раководител на секторот на финансии. 




Во меѓувреме Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, излезе со реакција на прес конференција демантирајќи ги обвинувањата, дека постои судир на интереси, затоа што тоа била единствената пријавена фирма која ги исполнувала критериумите, а државната секретарка не учествувала во тендерската процедура.


„Државниот секретар во Министерството не учествува во ниту еден постапка за јавна набавка, во ниту една фаза. Нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството. Оттука, не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна“, изјави министерот Андоновски.


Андоновски вели дека е убеден во законитоста на постапките, а министерството е отворено да ги сподели сите информации и документи околу постапките за јавни набавки до сите надлежни институции.


Тој побара од извинување од СДСМ за како што вели изнесените невистини во наредните 24 часа, нагласувајки дека го задржува правото да побара нивна одговорност за навреда и клевета пред судот.




На ова, од опозициската СДСМ регираат дека, како што велат, не очекувале признание од Андоновски за склучениот договор за јавна набавка со сопругот на државната секретарка, Клинчарова, посочувајќи дека неговото оправдување „паѓа во вода“. 


„Државниот секретар во секое министерство, па и во неговото раководи со целата администрација. Што значи дека Клинчарова е шефица на сите кои учествувале во водењето на постапката за оваа и на било која друга јавна набавка“, се вели во пишаната реакција на СДСМ.


Опозицијата тврди дека ова е пример за конфликт на интереси и непотизам, и бараат од Јавното обвинителство и од Државната комисија за спречување на корупција веднаш да преземат мерки, а од министерот Андоновски да си поднесе оставка.