ru24.pro
World News in Macedonian
Март
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Сиљановска-Давкова потпиша указ за отповикување на амбасадори

0
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 10 март ги потпиша указите за отповикување на осум амбасадори. Во писменото известување од Кабинетот на Сиљановска се наведува дека причина за отповикувањето е што тие на позициите биле испратени без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието. Дополнително една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.


На оваа листа се амбасадори кои беа назначени за вршители на должност амбасадор. Тоа се Јакуп Реџепи во Сараево, потоа Џенк Сејфула во Стокхолм, Методија Белевски во Брисел, Агнеса Руси Поповска во Софија, Емил Крстески во Прага,  Зеќир Рамчиловиќ во Подгорица, Катерина Ставреска во Лондон и Пајо Авировиќ како вршител на должноста  шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, со седиште во Виена. 






Станува збор за амбасадори кои минатата Влада ги испрати на должност без да бидат „сослушани“ во Собранието. Тие не ги бранеа тезите пред пратениците поради блокади и незакажување седници на собраниската Комисија за надворешни работи од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која како опозиција претседаваше со ова собраниско тело.


Патот за покренување иницијатива за отповикување, го отвори актуелното владејачко мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ со изгласување автентични толкувања на два члена од Законот за надворешни работи на крајот на декември минатата година.


Според автентичното толкување на еден од членовите, „сослушувањето“ на амбасадорите во Собранието е задолжително. Автентичното толкување за вториот член од Законот, пак, и даде зелено светло на Владата да покренува иницијативи за отповикување.