Инцидент во српското Собрание, чад и хаос во салата
Инцидент се случи во српскиот парламент откако пратениците од владејачката коалиција ја усвоија агендата на која опозицијата се спротивстави.
Во салата настана метеж, а опозицијата употреби и пиротехнички средства.
Владата претходно донесе дневен ред со 62 точки, меѓу кои и измените на Законот за високо образование со кои се исполнува четвртото барање на студентите во блокадата.
На седницата треба да биде констатирана и оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која тој ја поднесе на 28 јануари под притисок на студентските протести.
Опозицијата бара на дневен ред да се стават само измените на Законот за високо образование и наведува дека власта која најави оставка не може да донесува мноштво важни закони.
Некои пратеници од опозицијата во собранието држат слики од крвави раце и транспаренти на кои, меѓу другото, пишува „Генерален штрајк“, „Студентите се во право“ и „Просветни работници, ние сме со вас“.
Пратениците од опозицијата порачаа дека Владата е во технички мандат и дека единствена точка на дневен ред на седницата треба да биде донесување на Законот за високо образование, како и прифаќање на оставката на премиерот.
„Сметаме дека владата падна, немате право да предлагате закони во оставка, треба да се апсите и да не правите циркус“, рече пратеничката од Партијата на слободата и правдата Мариника Тепиќ.
Владејачката коалиција не го прифати предлогот на опозицискиот Зелен левичарски фронт (ЗЛФ) да ги повлече сите точки од дневниот ред освен овие.
Владините пратеници претходно ја одобрија итната расправа за измените на Законот за високо образование.
„Пратениците од опозицијата не гласаа овој предлог да се стави на дневен ред на српското Собрание. Па како вие сте за исполнување на барањата на студентите?“, праша претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.
Додека таа зборуваше, пратениците од опозицијата свиреа и удираа по нивните бироа.
Претходната седница на српскиот парламент, одржана на 25 ноември, ја одбележа тепачка и туркање меѓу претставници на власта и опозицијата. Во инцидентот, покрај пратениците, учествуваа и владини министри, а ги раздели собраниското обезбедување.
Инцидентите избувнаа кога во салата влегоа владините министри и српскиот премиер Милош Вучевиќ, чие разрешување го побара опозицијата по уривањето на настрешница на реновираната железничка станица во Нови Сад.
По инцидентите, Брнабиќ ја заврши расправата за секоја од над 60-те точки на дневниот ред.
Меѓу нив беше и предлог-буџетот за 2025 година.
Во Србија веќе четири месеци се одржуваат протести и блокади, предводени од студенти кои бараат политичка и кривична одговорност од властите за смртта на 15 лица при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Нивното прво барање е да се објави целосна документација за реконструкцијата на станицата, за да се утврди одговорноста за несреќата. Тие бараат и да бидат казнети напаѓачите на студентите на протестите кои уследија по несреќата во Нови Сад и да се прекине постапката против уапсените демонстранти. Студентите бараат и зголемување на буџетот за високото образование за 20 проценти.