Иранскиот потпретседател Зариф поднесе оставка
Иранскиот потпретседател Мохамад Џавад Зариф поднесе оставка откако како што вели, на тоа го „советувал“ шефот на иранското правосудство, Голам Хосеин Мохсени-Еџеи.
Зариф во објава на мрежата Х рече дека Мохсени-Еџеи го „поканил“ на разговор за време на кој му „советувале да се врати во академските кругови за да спречи понатамошен притисок врз владата“.
Назначувањето на Зариф во владата на реформскиот претседател Масуд Пезешкијан е извор на тензии со месеци, а неговите тврдокорни критичари тврдат дека со тоа се прекршува законот од 2022 година за назначувања на клучни позиции.
Неговите критичари велат дека синовите на Зариф, кои се родени во Соединетите Американски Држави, се иранско-американски државјани, што го прави неподобен да има таква позиција.
Зариф долго време беше мета на конзервативците во Иран кои тврдат дека тој има премногу странски контакти и се соочи со сомнеж затоа што неговите синови - сега во четириесеттите години - стекнале американско државјанство уште при раѓање, додека тој бил студент во САД.
Зариф се обиде да поднесе оставка во август 2024 година по помалку од две недели на функцијата, а како причина ги наведе разликите со Пезешкијан околу неговиот избор на конзервативни членови на владата.
Подоцна беше откриено дека тој поднел оставка поради зголемениот притисок од критичарите во врска со законот.
Оставката на Зариф доаѓа откако иранскиот парламент на 2 март го разреши министерот за економија Абдолнасер Хемати. Од вкупно 273 пратеници, 182 гласаа за смена на Хемати, само шест месеци откако новиот претседател Пезешкијан стапи на функција.
Пезешкијан, кој го бранеше Хемати, рече дека владата е „заглавена во борба со Западот“ и повика на парламентарно единство за да се надминат овие предизвици.
Одлуката доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и Западот околу иранската нуклеарна програма, а иранската економија е погодена од меѓународни санкции, особено откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Техеран во 2015 година.
Со тој договор, Иран се согласи да ги намали своите нуклеарни капацитети во замена за олеснување на санкциите. Хемати призна дека економијата ослабела за време на неговиот петмесечен мандат, но додаде дека инфлацијата е намалена за десет проценти.