ru24.pro
World News in Macedonian
Март
2025
1 2 3 4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

На 11 март седница за интерпелациите на пет члена на Судски совет

0
На 11 март би требало да почне собраниската седница на која на дневен ред ќе бидат интерпелациите за петтмината членови на Судскиот совет што беа избрани од Собранието. За ова, меѓу другото, било разговарано на денешната понеделничка редовна средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи.  



Интерпелациите ги поднесе владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ со потписи од 67 пратеници. Се однесуваат на членовите на Судскиот совет : Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.



Претседателот на Собранието Африм Гаши на петочната средба со новинарите кажа дека седницата ќе биде во првата половина на март, како и дека сите членови на Судскиот совет одговорите на интерпелациите ги доставиле до Собранието.




Во интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет до претседателот на Собранието, Африм Гаши, се посочува дека се поднесуваат заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.


Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои тројца ги избира Собранието со Бадентерово мнозинство. Други двајца предлага претседателот на државата, но изборот го врши Собранието. Еден од овие два члена треба да биде припадник на помалите етнички заедници.

Осум члена, пак, ги избираат судиите од своите редови на непосредни избори, со тоа што тројца од нив се припадници на заедниците кои не се мнозинство во државава. Двајца се членови само по функција, може да присуствуваат на седници, но немаат право на глас, а тоа се претседателката на Врховниот суд и министерот за правда.