ru24.pro
World News in Macedonian
Март
2025
1 2 3 4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Поради закана евакуирана главната железничка станица во Виена

0
Полицијата ја евакуира главната железничка станица во Виена поради „неодредена“ закана и железничкиот сообраќај е запрен, соопштија полицијата на австриската престолнина и националната железничка компанија ОББ на 3 март, јави Ројтерс.



„Во тек е голема полициска операција на главната станица во Виена. По пристигната закана, станицата се евакуира“, напишаа од виенската полиција на мрежата Икс (поранешен Твитер). 




Од таму ги повикаа граѓаните да избегнуваат какви било непотребни патувања до станицата, која е главен железнички центар  за метро, за трамвај и за автобуски превоз.


Австрија минатата година претрпе серија лажни закани со бомби што поттикна расчистување на поголемите станици и предзвика одложувања на возниот ред.