ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025

Полициска акција и претреси на повеќе локации во Скопје

0
Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со јавен обвинител, по претходна судска наредба, од рано утрината (27 февруари) врши претреси на повеќе локации во Скопје.


Во соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) се наведува дека акцијата е предводена од јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството.


Акцијата, додаваат од ОЈО ГОКК е во координација со Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција при Министерството за внатрешни работи.


МВР и ОЈО ГОКК не соопштуваат повеќе детали за акцијата, а подетални информации најавуваат во текот на денот.


Како што јавуваат дел од медиумите, затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби.