Уставен суд ќе ја оценува уставноста на измените во Изборниот законик за листите на независни кандидати
Уставниот суд, со мнозинство гласови, донесе одлука и поведе постапка за оцена на уставноста на членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.
Ваквите измени беа изгласани на 7 март 2024 и требаше да важат за локалните избори што треба да се одржат в октомври годинава.
Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, изјави дека судот има сомнежи во уставноста на овие измени, бидејќи тие повредуваат темелни вредности како владеењето на правото и политичкиот плурализам, како и принципот на еднаквост на граѓаните.
„Измените на цензусот, направени во нетранспарентна постапка, ја повредуваат правната сигурност и предвидливост, кои се фундаментални принципи за владеење на правото. Отсуството на јавна и експертска расправа дополнително ги компромитира измените, кои се спротивни на меѓународните стандарди. Според овие стандарди, не е препорачливо најмалку една година пред избори да се прават суштествени измени“, рече Костадиновски.
Според него, законодавецот ги ограничил правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции со овие измени.
Законските одредби за кои денеска (26 февруари) одлучуваше Уставниот суд, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица (ако станува збор за парламентарни избори) или општина (ако станува збор за локални избори).
Во пракса ова значеше дека ако за поднесување независна листа за пратеници во која и да е од шесте изборни единици во државата претходно се бараа 1.000 потписи, со новите правила прагот се зголеми на 2.500 до 3.500, зависно од големината на изборната единица. За локални избори, пак, на пример во Градот Скопје ако една независна листа за советници требаше да собере 1.000 потписи, измените наметнаа потреба од 4.500 потписи за тие воопшто да се најдат на гласачкото ливче.
Кој и зошто ги оспори измените?
На подигањето на прагот, лани бурно реагираше невладиниот сектор, граѓанските активисти и здруженија кои на изминатите изборни циклуси настапуваа со независни листи за советници на локалните избори и во дел од општините успеваа да освојат по неколку пратенички места.
Меѓу нив беа Зелен Хуман Град кој настапи на изборите во Скопје, Шанса за Центар, Независни за Карпош, Стига од Струмица … Нивни претставници се и меѓу подносителите на иницијативата пред Уставниот суд.
Тие сметаат дека прагот за потписи за независните драстично е подигнат и „предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување независни листи“.
„Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи“, соопштија од Уставен објаснувајќи ја иницијативата.
Дел од независните советници во актуелните состави на советите низ општините сметаат и дека воопшто не треба да постои праг зошто граѓаните секако својата поддршка ќе ја покажат на избори.
„Со кревањето на прагот, ние се соочуваме со можеби повеќе од дупло потписи кои ни требале пред две и пол години. Самиот начин на кој е ова направено покажува дека политичките партиите не сакаат во нашето општество да постојат независни ниту советници ниту пратеници ниту градоначалници. Мене ова ми изгледа дека сакаат да живееме во буквално партизирано општество“, реагираше во изјава за РСЕ кога беше подигнат прагот, Габриела Илиевска, советничка и претседателка на Советот во Општина Битола од независната листа Поинаку.
Повисокиот праг беше „протнат“ во пакет со други измени
Седницата на која беше подигнат прагот за собирање потписи се одржа на 7 март и измените беа изгласани од стариот парламентарен состав на околу два месеци пред ланските парламентарни и претседателски избори.
Тие беа „протнати“ во пакет со измените што се правеа со цел да им се овозможи на граѓаните кои немаа важечки лични документи да гласаат на изборите, како и во пакет со измените кои беа препорачани од ОБСЕ/ОДИХР.
Работната група која тогаш имаше задача да ги подготви измени според препораките од меѓународните набљудувачи, реагираше дека подигање на прагот воопшто и не се разгледувало.
„Тоа прашање и тој член никој не го отвори, ниту беше предлог на разгледување ниту беше дел од препораките на ОБСЕ“, изјави тогаш за РСЕ претседателот на работната група, Александар Новаковски, адвокат и поранешен претседател на Државната изборна комисија (ДИК).
Пратениците во Собранието, пак, не дебатираа за ова прашање на пленарната седница кога ги изгласаа измените, а не се дискутираше ниту на двете комисии кои ги разгледуваа измените. Објаснување зошто се подига прагот немаше ниту во писмениот предлог за законските измени што се најде тогаш во собраниска процедура.