Најмалку 46 лица загинаа при пад на транспортен воен авион во Судан
Најмалку 46 лица загинаа во несреќата кога судански воен транспортен авион се урна во станбен кварт во предградието на Картум, главниот град на Судан, јави агенцијата АП.
Канцеларијата за медиуми во Картум соопшти дека во несреќата биле повредени уште десет лица.
Војската претходно соопшти дека во несреќата загинале персонал од вооружените сили и цивили, но не објави бројки на загинатите.
Не е наведено што ја предизвикало несреќата.
Авионот „Антонов“ се урна на 25 февруари при полетување од воздухопловната база „Вади Саидна“ северно од градот Омдурман, соопштени војската. Омдурман е збратимен град на Картум.
Во несреќата оштетени се и голем број куќи во областа Карари во Омдурман.
Судан е во состојба на граѓанска војна од 2023 година кога тензиите меѓу војската и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) експлодираа во отворена војна.
Војната се интензивираше во последниве месеци, при што војската бележи постојан напредок против РСФ во Картум и на други места во земјата.