ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22
23
24
25
26
27
28

Германското министерство предупредува на руска кампања за дезинформации пред изборите

0
Германското Министерство за внатрешни работи предупреди на руска операција за дезинформирање чија цел е да се влијае на изборната кампања во земјата со лажни видеа кои се шират на социјалните мрежи во Хамбург и Лајпциг.


Министерството денеска (21 февруари), соопшти дека има индиции дека кампањата е поврзана со таканаречената „Бура-1516“, операција на проруско влијание, претходно забележана на претседателските избори во САД во 2024 година, а која беше истражена од американските власти.


Безбедносните агенции во Лајпциг и Хамбург идентификуваа повеќе псевдо-медиумски страници и профили на социјалните медиуми како дел од мрежата, истакнувајќи ја загриженоста за руското мешање во демократските процеси.


Руската амбасада во Берлин не одговори на барањето за коментар.


Снимка која кружеше во источниот град Лајпциг остави впечаток дека кандидат на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија  недостасува на изборниот список и дека таму не може да се даде втор глас за таа партијата, се наведува на официјалната веб-страница на градот.




Мрежата „Бура-1516“ шири погрешна или лажна содржина преку социјалните медиуми и сопствените веб-страници, користејќи сензационалистички извештаи за да го зголеми својот досег, соопшти Министерството.


Најпрво создава неавтентични сметки на социјалните мрежи и псевдо-медиумски сајтови како „спијачи“, првично пополнувајќи ги со неутрална и проруска содржина пред да ги активира за дезинформации.


„Градот моментално испитува какви правни чекори треба да се преземат како резултат на овие видеа“, се вели во соопштението на градските власти на Лајпциг.


Вчера (21 февруари), истражувачите кои работат со германската фондација „Роберт Бош“ рекоа дека мрежа од повеќе од 700 лажни сметки на социјалните мрежи се појавила во последната недела од германската изборна кампања, промовирајќи проруски наративи и демонизирајќи го конзервативниот фаворит, Фридрих Мерц.