ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
22
23
24
25
26
27
28

Иран обвини британски брачен пар за шпионажа

0
Иран ги обвини британските државјани Крег и Линдзи Форман за шпионажа, објави портпаролот на иранското правосудство на 18 февруари. 



Портпаролот Асгар Џахангир рече дека парот „под маската на туристи“ влегле во Иран, „собирајќи разузнавачки информации во неколку провинции во земјата“, објави Радио Фарда, иранскиот  сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).



Тој рече дека тие биле уапсени од Разузнавачката организација на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во јужната провинција Керман.



Според објавите на Линдзи Форман на социјалните мрежи, парот бил на патување со мотор околу светот. Крајната дестинацијаим  била Австралија.




Британски медиуми јавија дека тие на 30 декември влегле во Иран преку Ерменија и имале намера по пет дена да ја напуштат земјата преку пакистанската граница. Тие останале во Табриз, Техеран, Исфахан, но никогаш не се пријавиле во нивниот хотел во Керман.


Ебрахим Хамиди, главниот судија во провинцијата Керман, рече дека „станало јасно“ дека двојката „имала врски со неколку институти поврзани со разузнавачките служби“.



Британското Министерство за надворешни работи не ги коментираше наводите. Но, во моментов ги советува британските граѓани да не патуваат во Иран, наведувајќи „значителен ризик“ од апсење, испрашување или притвор.



Организациите за човекови права го обвинуваат Иран дека води „заложничка дипломатија“ со апсење на странски и двојни државјани како можност за влијание во односите со Западот.