Саудиска Арабија ќе биде домаќин на самитот за обнова на Газа
Како што се интензивираат разговорите за реконструкција на Појасот Газа, Саудиска Арабија треба да биде домаќин на самитот на високо ниво на кој ќе се соберат лидерите од целиот арапски свет.
Во петок (21 февруари) во Ријад се очекуваат лидери од Египет, Јордан и земјите од Персискиот залив, дознава ДПА од арапските дипломатски кругови.
Самитот ќе се фокусира на предлогот на Египет за обнова на опустошената територија под „целосен надзор“ на арапските земји.
Тензиите се зголемија по контроверзниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за трајно преселување на 2 милиони жители на Газа во соседните арапски држави.
Проценките се дека обновата на Газа би можела да чини околу 53 милијарди долари и дека се потребни 20 милијарди долари само во првите три години.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 4 февруари објави предлог според кој раселените Палестинци ќе го напуштат Појасот Газа, дозволувајќи им на САД да ја преземат „сопственоста“ на крајбрежната територија и да ја развијат економски во, како што рече, „феноменално“ место каде што многу националности би можеле да живеат во мир.
Трамп рече дека ова ќе се случи по преселувањето на палестинскиот народ во други земји за да ги извлече од, како што рече, „пеколната дупка“ од урнати згради по повеќе од една година војна меѓу Израел и Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија.