ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Петмина приведени и тројца во бегство, осомничени за убиството во Чаир

0
Осумина се осомничени за вооружената престрелка во скопската населба Чаир која се случи ноќта меѓи 10 и 11 феврувари, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. Истрага е отворена за шест осомничени за учество во дејствија на кривични дела- убиство и обид за убиство. Дополнитени други двајца се осомничени соучество односно помагање по извршување на кривичното дело.


Според Обвинителството, тие вечерта по пукањето ги сокриле двата пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.




На престрелката и преходела кавга поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир. При респравијата првоосмничениот 28-годишник извадил пиштол и го убил  Хебиб Буњаку, при што со пукањето го довел во опасност животот на уште еден човек. 


„ Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство“, се вели во соопштението на Обвинителството.


Обвинителот побарал од Кривичниот суд да им изрече затворски притвор на четворица од осомничените и за еден куќен притвор, додека останатите тројца се во бегство.