ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Бројот на повредени по нападот во Минхен се искачи на 39

0
По нападот на синдикалниот собир во јужниот германски град Минхен, бројот на повредени сега достигна најмалку 39, покажуваат најновите податоци на Федералното обвинителство и полицијата.


Според нивните податоци, нови жртви со повреди биле пријавени во петокот наутро.


Претходно имаше недоразбирање околу бројот на жртвите, откако беше објавена бројката од 36 повредени заедно со обвинението за 39 обиди за убиства.




Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во градот на Конференцијата за безбедност во Минхен, се очекува да го посети местото каде што 24-годишен маж намерно удри со својот автомобил во луѓето кои беа дел од собирот. 


Осомничен за инциденот е Авганистанец кој признал дека намерно влетал со автомобил меѓу демонстрантите во Минхен, а властите утврдиле дека злосторството имало исламистичка позадина, соопшти денеска (14 феврауари) германското обвинителство.


Напаѓачот е идентификуван како Фархад Н., 24-годишен Авганистанец кој дошол во Германија во 2016 година за да побара азил.


Како што пренесува германски „Билд“, тој е роден во 2001 година во Кабул, Авганистан, а од неодамна живее во областа Лаим во Минхен.