ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Саудиска Арабија ја поздрави идејата за средба меѓу Трамп и Путин во Ријад

0
Саудиска Арабија ја поздрави идејата американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат во кралството, јави агенцијата Ројтерс. 



Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека би можело да поминат неколку месеци пред да се  договори средба меѓу Путин и Трамп, веројатно во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. 


Трамп и Путин разговараа во средата и ја објавија својата намера да се сретнат лице в лице.




Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман беше првиот странски лидер што Трамп го повика по преземањето на функцијата. Тој го опиша престолонаследникот како „фантастичен човек“ за време на неговиот говор преку видео - врска пред публиката на Светскиот економски форум во Давос.



Путин, кој ги посети Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во 2023 година, минатиот септември рече дека му е благодарен на Мохамед бин Салман што помогнал да се организира најголемата размена на американско-руски затвореници од Студената војна.