Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра
Расте бројот на измамени граѓани кои платиле на лажни полицајци кои им понудиле „помош“ да сокријат дека некој од нивните блиски сторил сообраќајка во која загинал човек па дури и дете. Последни се неколку случаи во Куманово каде жена платила дури 30 илјади евра, а подоцна дознала дека е измамена.