Околу 75000 федерални вработени во САД ја прифатиле понудата за отпремнина
Околу 75000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на американската Канцеларија за човечки ресурси.
Отпремнините е еден од начините на кои Трамп бара да го намали бројот на федерални вработени, што изнесува вкупно 2,3 милиони и кој тој го смета за неефикасен, пренесува Ројтерс.
Официјални претставници посочија дека Трамп планира да отпушти до 70 отсто од персоналот во одредени владини агенции.
Федерален судија во средата ја одобри способноста на администрацијата на Трамп да спроведе програма за отпремнина за федералните вработени. Окружниот судија Џорџ О'Тул во Бостон го одби барањето на синдикатот за блокирање на програмата.
Синдикатите, кои претставуваат повеќе од 800000 федерални вработени, нагласуваат дека програмата е нелегална.
Синдикатите ги повикаа своите членови да не ги прифаќаат понудите за отпремнина, со образложение дека на Трамп не може да му се верува дека ќе го почитува договорот.
Според понудата на вработените ќе им бидат исплатени целосните плати и бенефиции до октомври без да мора да работат.
Сегашните закони за трошење истекуваат на 14 март и нема гаранција дека платите ќе бидат финансирани по тој момент.
Трамп го назначи милијардерот Илон Маск да раководи со новосоздадената Канцеларија за владина ефикасност, која врши ревизија на евиденцијата за плати во обид да го намали за милијарда долари, федералниот буџет кој изнесуваше 6,75 трилиони долари минатата година.
Платите за цивилните федерални вработени сочинуваат помалку од пет проценти од вкупниот буџет.