ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Над 150 килограми марихуана запленети на граничниот премин Богородица

0
Над 150 килограми марихуана е пронајдена и запленета на граничниот премин Богородица, при контрола на камион со скопски регистарски ознаки.


Министерството за внатрешни работи (МВР) дополнително ќе прави форензичка анализа и вештачење.


Според првичните информации, како што соопштија денеска (12 февруари) од МВР,  камионот влегол од Косово, а преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција.


Истрагата, велат, продолжува со цел утврдување на сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот.