Курти се соочува со пад на поддршката во Косово
На своите поддржувачи им вети ангажман во секое „ќоше“ на Косово, а тие му укажаа доверба.
Според прелиминарните резултати, движењето Самоопределување, предводено од премиерот Албин Курти, победи на парламентарните избори на Косово на 9-ти февруари со околу 41 отсто од гласовите.
„Ќе ја продолжиме добрата работа што ја започнавме во изминатите четири години и ќе правиме многу други работи, во согласност со нашите ветувања, од едниот до другиот крај на Косово“, рече Курти по прогласувањето на победата.
Курти ја водеше Владата на Косово четири години, почнувајќи од 2021 година и кратко време во 2020 година.
Споредено со изборите пред четири години, поддршката за неговата партија е намалена за околу 10 проценти.
И покрај тоа, Курти рече дека движењето Самоопределување ќе ја води владата уште четири години.
Сè уште не е јасно со која политичка сила ќе коалицира оваа партија за да обезбеди 61 пратеник во косовското Собрание, ниту пак политиката што ќе ја води.
Кој е Курти?
Курти е лидер кој предизвикува бурни реакции од двете страни на политичкиот спектар.
За неговите поддржувачи тој е реформатор и заштитник на интересите на земјата која се соочува со надворешни притисоци.
За неговите критичари, тој е ригиден идеолог, чијашто неподготвеност за компромиси не само што ги затегна односите со меѓународните сојузници, туку и го изолира Косово на светската сцена.
Курти стана познат во 1990-тите откако организираше протести против репресијата на поранешниот претседател на Република Србија, Слободан Милошевиќ.
Поради неговиот активизам, тој помина две години во српските затвори и беше ослободен дури по меѓународен притисок.
Во 2005 година, заедно со други активисти од Косовската акциона мрежа, тој го основаше Движењето Самоопределување, кое подоцна беше регистрирано како политичка партија.
Како нејзин лидер, Курти изгради кариера критикувајќи ги претходните политички елити за корупција и непотизам и спротивставувајќи се на странското влијание.
Некогаш познат по водењето на улични протести, па дури и употребата на солзавец во Парламентот, Курти со текот на времето ја омекна својата реторика. Тој повеќе не се залага за обединување со Албанија, туку се фокусира на понатамошно консолидирање на Косово како независна и суверена држава.
Курти првпат беше избран за премиер во февруари 2020 година. Меѓутоа, таа влада најкратко издржа во повоено Косово.
Несогласувањата околу управувањето со пандемијата со ковид 19, а особено пристапот кон дијалогот со Србија, ескалираа во политичка борба.
На 25 март, Демократската лига на Косово поднесе барање за недоверба, што доведе до пад на владата на Курти.
Помалку од една година подоцна, во февруари 2021 година, беа одржани предвремени парламентарни избори, а Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.
Како премиер по втор пат, Курти вети дека приоритети на неговата влада ќе бидат здравството, образованието и правдата.
Што го одбележа претходниот мандат на Курти?
Курти вети управување фокусирано на транспарентност и одговорност, нагласувајќи ја важноста од зачувување на националниот суверенитет.
И покрај ова, неговата влада е цитирана во извештаите на американскиот Стејт департмент за владина корупција и од Репортери без граници за ограничување на слободата на медиумите.
Од 2021 година, невработеноста се намалува, додека економскиот раст е под четири проценти. Платите и пензиите се зголемени, како и странските директни инвестиции.
Сепак, она што најмногу го одбележа вториот мандат на Курти беше неговата решеност да ја прошири власта на Косово на северот на земјата, каде мнозинското население се Срби, кои долго време ги отфрлаа одлуките на официјална Приштина.
И покрај противењето и протестите, Курти назначи албански градоначалници во општините со мнозинско српско население, откако локалната заедница ги бојкотираше изборите, ги замени српските регистарски таблички со косовски, го отстрани српскиот динар од оптек и ги затвори повеќето српски институции кои работеа од повоениот период и вработија илјадници луѓе.
Овие одлуки, иако се клучни за неговата визија за суверено и обединето Косово, беа скапи за меѓународните сојузи.
Во необичен потег, официјални лица од Европската Унија и САД остро ја критикуваа косовската влада, опишувајќи ги нејзините постапки како некоординирани и штетни за српската заедница.
„Со ваквите потези Курти го доведе во прашање партнерството со САД“, изјави поранешниот помошник државен секретар на САД Џејмс О'Брајан.
„Косово може да напредува само со помош на САД и со решавање на нејзините грижи“, изјави поранешниот американски амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер.
Со поранешниот шеф за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, Курти не соработуваше.
Како резултат на тоа, ЕУ воведе неколку казнени мерки против Косово, суспендирајќи ја финансиската помош, која останува во сила, и ограничувајќи ги состаноците на високо ниво со косовските официјални претставници.
Иако Курти ги оправда своите одлуки како легални и во согласност со Уставот на земјата, сојузниците инсистираа на тоа дека сè што се однесува на северот треба да се разговара во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Овој дијалог на високо ниво исто така е прекинат.
Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ не се сретнале од септември 2023 година, иако нормализацијата на нивните односи е клучна за европската интеграција и на Косово и на Србија.
Неколку дена по тој состанок, вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска во Звечан, при што беше убиен еден полицаец. Во судирот што следеше загинаа и тројца српски напаѓачи.
Курти ја обвини Србија за нападот, но тамошните власти негираат каква било вмешаност.
Тој го услови продолжувањето на дијалогот со екстрадиција на Милан Радоичиќ, поранешен српски политичар од Косово, кој ја призна одговорноста за организирање на нападот во Бањска.
Курти и пред тоа одби да одговори на неколку барања на меѓународната заедница за нормализирање на односите со Србија со преземање чекори кон формирање Заедница на општини со мнозинско српско население (ЗСО).
Косово и Србија се договорија за оваа заедница во 2013 година, многу пред Курти, а Србија упорно бара нејзино спроведување.
Сепак, секоја косовска влада се двоумеше, плашејќи се дека тоа може негативно да влијае на внатрешната функционалност на државата.
Слично на тоа, Курти најпрво инсистираше на де факто признавање на Косово од Србија, потег што не се случи.
На митингот со неговите поддржувачи на 1 февруари, Курти повтори дека „Република Косово, со нашата влада на чело, вели „не“ на Заедницата“, српскиот термин што Самоопределување постојано го користи за ЗСО.
Со овој став, Курти сигнализира продолжување на пркосниот став кој ризикува дополнително да го продлабочи јазот на Косово со неговите западни сојузници.
Но, според Чарлс Купчан, од Советот за надворешни односи на САД, „можеби Курти, по реизборот, ќе биде подготвен да ги ублажи работите“.
„....можеби ќе се движи во насока што е помалку етно-националистичка и поконструктивна кога станува збор за односите меѓу Приштина и Белград“, рече Купчан за Радио Слободна Европа.