ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

0
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.


„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, објавено е на официјалниот фејсбук профил на премиерот Мицкоски.


Спроведување на коренити реформи во правосудството и распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, беше едно од ветувањата во предизборната програма и клучен приортитет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.




Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски во неодамнешното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека единствено место каде е предвиден начин или постапка за разрешување на член на Судски совет е во Законот за Судски совет, според кој само советот може да разрешува.


„На друго место јас не сум сретнал по законите дека постои таква можност – да бидат разрешени во некоја друга постапка. Значи, разрешувањето се одвива тука во Судскиот совет“, изјави Камбовски.


Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои тројца ги избира избира Собранието со Бадентерово мнозинство. Други двајца ги предлага претседателот на државата, но изборот го врши Собранието. Еден од овие двајца членови треба да биде припадник на помалите етнички заедници.


Осум члена, пак, ги избираат судиите од своите редови на непосредни избори со тоа што тројца од нив се припадници на заедниците кои не се мнозинство во државава. Двајца (претседателката на Врховниот суд и министерот за правда) се само по функција членови, може да присуствуваат на седници, но немаат право на глас.


Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година беше поднесен во април лани, а  пратениците за него се изјаснија негативно.