ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Мицкоски: Судскиот систем е политичко мочуриште, потребни се промени

0
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека граѓаните се незадоволни од функционирањето на судско-обвинителскиот систем кој, како што рече е „мочуриште преполно со контроверзии и скандали“. 


Оваа изјава ја даде на 6 февруари во Клубот на пратениците, одговарајќи на новинарски прашања, откако претходно најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат интерпелација за разрешување на членовите на Судскиот совет.


„Ние не можеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалиите, но можеме да избереме судски совет којшто објективно, без партиски стеги, без интереси ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки“, изјави Мицкоски.


Тој додаде дека е неопходен директен пристап, наместо импровизации и половични решенија. 


„Цениме дека треба да се удри во чело, да не се обидуваме да импровизираме да правиме импланти и таму. Ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингеренции на, во случајот Парламентот, а тоа е изборот на оние членови на Судскиот совет – таму каде што се бираат, таму да се изгласа и интерпелација. Точно е тоа дека и покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација, тие можат да останат и понатаму да бидат дел од Судскиот совет. Но, во услови кога тој што те избрал ти гласа повторно недоверба и ти продолжуваш и понатаму да водиш инает, тоа не е добро, и тогаш имаме и други механизми и алатки. Но, јас се надевам дека доколку парламентарците изгласаат недоверба, или интерпелацијата на Судскиот совет, тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат“, истакна премиерот.




Спроведување на коренити реформи во правосудството и распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, беше едно од ветувањата во предизборната програма и клучен приортитет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.


Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски во неодамнешното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека единствено место каде е предвиден начин или постапка за разрешување на член на Судски совет е во Законот за Судски совет, според кој само советот може да разрешува.


„На друго место јас не сум сретнал по законите дека постои таква можност – да бидат разрешени во некоја друга постапка. Значи, разрешувањето се одвива тука во Судскиот совет“, изјави Камбовски.


Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои тројца ги избира избира Собранието со Бадентерово мнозинство. Други двајца ги предлага претседателот на државата, но изборот го врши Собранието. Еден од овие двајца членови треба да биде припадник на помалите етнички заедници.


Осум члена, пак, ги избираат судиите од своите редови на непосредни избори со тоа што тројца од нив се припадници на заедниците кои не се мнозинство во државава. Двајца (претседателката на Врховниот суд и министерот за правда) се само по функција членови, може да присуствуваат на седници, но немаат право на глас.


Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година беше поднесен во април лани, а пратениците за него се изјаснија негативно.