Дали српските протести почнуваат да ја намалуваат моќта на Вучиќ?
Со масовните протести што ја зафатија нацијата, српскиот претседател Александар Вучиќ се соочува со најголемиот предизвик досега за неговата политичка моќ.
Она што започна како студентски барања за одговорност откако 15 лица настрадаа во уривањето на бетонската настрешница во Нови Сад еволуираше во пошироко движење кое се спротивставува на, како што велат демонстрантите, влошувањето на владеењето на правото и системската корупција под водство на Вучиќ. Во текот на последните три месеци, десетици илјади луѓе излегоа на улиците да протестираат во над 200 градови и населени места.
„Ова не е само најсериозната политичка криза на власта, туку и длабока општествена криза. Студентите не бараат промена на власта, туку корекција на системот“, изјави за балканскиот сервис на РСЕ, политичкиот аналитичар Бошко Јакшиќ.
Едномесечен штрајк
Протестите се множат и станаа фокусна точка на различни општествени групи, секоја со свои поплаки.
Универзитетските наставници изразија поддршка за студентите, но тие исто така изразуваат загриженост за падот на академската слобода.
Земјоделците ги заштитија студентите од гневните возачи со поставување на нивните трактори на блокадите, но бараат и подобрување на земјоделските услови и зголемување на субвенциите.
Меѓу другите, одделни протести одржаа и работниците во јавниот транспорт, пензионерите и образовниот персонал.
Делови од судството - често критикувани дека немаат независност исто така се вклучија и ги поддржаа студентските барања. Седумнаесет судии од високиот суд во Белград јавно ги поддржаа барањата на студентите во отворено писмо без преседан. Своја поддршка дадоа и судии од градовите Ниш и Крагуевац.
Едномесечен штрајк за поддршка на протестите најавија и адвокатите од Адвокатската комора на Србија, со што драстично се забавија судските постапки.
Едвард П. Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс со седиште во Балтимор, за Си-Ен-Ен изјави дека вообичаено судиите „никогаш не би се осмелиле да кренат глава на таков јавен начин“ и дека факторот страв сега го нема.
Додека некои жители на градовите изразија фрустрација поради тоа што демонстрантите го блокираат сообраќајот, 61 отсто од Србите ги поддржуваат блокадите и протестите, според истражувањето спроведено од белградскиот Центар за истражување, транспарентност и отчетност.
Протести „потхранети“ од корупцијата
Демонстрациите открија значителна слабост во системот на владеење на Вучиќ. Додека претседателската функција е главно церемонијална функција, Вучиќ доби значителна моќ како водач на владејачката конзервативно-националистичка Српска напредна партија (СНС). Иако тој се повлече од таа позиција во 2023 година, тој сè уште се смета за главен носител на одлуки.
Главно фокусирана на поттикнување врски со домашни и странски инвеститори, администрацијата на Вучиќ ја потцени веројатноста за спротивставување од професионална класа, која е заситена од корупција и клиентелизам, посочуваат српските аналитичари.
„Се чини дека Вучиќ постојано прави отстапки во областите каде што пред само неколку дена рече дека нема да отстапи. Аурата на непогрешлив лидер, врвен авторитет за неговите гласачи, почнува да еродира“, рече Никола Буразер од белградскиот Центар за современа политика.
На пример, Вучиќ првично го одби барањето на студентите за објавување на документацијата за реконструкција на железничката станица во Нови Сад. Сепак, тој подоцна и наложи на владата и на обвинителството да ги објават документите.
И, најважно, има знаци дека Вучиќ почнува да ја губи поддршката во едно од неговите клучни упоришта: медиумите.
Од почетокот на протестите пред повеќе од три месеци, Радио телевизија Србија (РТС), државниот јавен радиодифузер, главно ги игнорираше протестите.
Тоа се смени минатиот викенд кога РТС - која исто така беше цел на демонстрантите - го отвори информативниот дневник со протестите во Нови Сад. Телевизијата емитуваше снимки од дрон на кои се гледа како десетици илјади демонстранти блокираат три моста на реката Дунав и го доведуваат градот во застој.
Вработените во Радио Телевизија Војводина, сестринската мрежа на РТС во автономната српска покраина, излегоа на протест во знак на протест поради нивното покривање.
Оваа промена,вели Буразер, е знак дека државната телевизија „реагирала на притисокот на студентите и пошироката јавност и можеби е резултат на променливата атмосфера во општеството“.
Министерот на Милошевиќ
Медиумите отсекогаш биле основата на моќта на Вучиќ. Во 1998 година, тој беше назначен за министер за информации од страна на поранешниот српски моќник Слободан Милошевиќ, кој почина во 2006 година додека му се судеше за воени злосторства во Хаг.
За време на неговиот мандат како министер за информации(период кој ја вклучуваше војната во Косово и интервенцијата на НАТО во конфликтот), Вучиќ воведе строги казни за опозициските медиуми. Забрани и неколку дневни весници.
Меѓународните медиумски набљудувачи предупредија за се порестриктивното медиумско опкружување под Вучиќ. Владата ги контролира сите приватни телевизиски мрежи со национално покривање во Србија, вклучувајќи ги и каналите како ТВ Пинк и ТВ Хепи, кои комбинираат реални шоуа и провладини вести.
Иако овие протести се сериозен предизвик, Вучиќ не покажува знаци на повлекување. Со своите сојузници, претседателот сè уште има владејачко мнозинство во парламентот.
И додека неговите уставни овластувања се ограничени, вистинската моќ почива цврсто во неговите раце, бидејќи тој има значително влијание врз повеќето инструменти на државата.
Српскиот претседател изјави дека нема да го прифати барањето на опозицијата за преодна влада и во телевизиски говор на 29 јануари рече дека СНС има 10 дена да утврди дали ќе распише предвремени парламентарни избори или ќе се обиде да формира мнозинска влада.
Вучиќ останува уверен дека, како и на претходните избори, може да обезбеди победа на својата партија и најави формирање на ново Движење за народот и државата. Движењето, рече тој, ќе „здружи луѓе“ околу одредени идеи, иако не беа дадени конкретни детали.