ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

ОЈО Скопје води предистрага за злоупотреби со тендер во МВР

0
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје во предистрага истражува злоупотреби поврзани со тендер во Министерството за внатрешни работи (МВР).


„По наредба на јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата“, соопштија од ОЈО Скопје.


До овој момент, како што наведуваат, извршени се претреси на 16 локации.




Имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката, додаваат од скопското обвинителство, „не сме во можност да споделиме повеќе детали во моментов“.


Информацијата ја потврдија и од МВР, но официјални детали за каков тендер станува збор, засега не се објавуваат.