ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

И Аргентина ќе излезе од СЗО

0
По стапките на САД, и Аргентина ќе се повлече од Светската здравствена организација (СЗО), соопштија денеска (5 февруари) од кабинетот на претседателот Хавиер Милеи.


Неговиот портпарол, Мануел Адорни, изјави дека претседателската одлука е донесена поради „длабоки разлики во однос на здравствениот менаџмент, особено за време на ковид-пандемијата“.


Адорни порача и оти Аргентина нема да дозволи меѓународно тело да се меша во нејзиниот суверенитет“.


Милеи важи за голем поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, кој само неколку часа по инаугурацијата на 20 јануари потпиша наредба САД да се повлечат од СЗО.




Инаку, аргентинскиот беше првиот странски лидер што го посети Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида по победата на републиканците на изборите во САД во ноември.


САД се најголемиот донатор и партнер на СЗО. Во 2022 и 2023 година тие обезбедија милијарда и 284 милиони долари во 2022 и 2023 година.


Во 2020 година, во неговиот прв мандат Трамп ги повлече САД од СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека не успеала да се справи со пандемијата на коронавирусот и дека е марионета на Кина. На неговиот прв ден како претседател во 2021 година, Џо Бајден ги врати САД во СЗО.