ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Шефот на УНХЦР повика другите земји да ги забрзаат уплатите откако Трамп ја замрзна помошта

0
Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР) денеска (5 февруари) ги повика донаторите да ги извршат уплатите порано, откако администрацијата на Доналд Трамп стави во мирување стотина милиони долари како дел од политиката за замрзнување на надворешната помош, потврди за Ројтерс шефот на оваа организација.

Филипо Гранди, високиот комесар за бегалци на ОН, рече дека побарал од земјите-членки на Европската Унија и други земји со флексибилни процедури да помогнат да се забрзаат нивните придонеси за ублажување на ефектите од замрзнувањето на парите од САД.



„Ние се справуваме со животоспасувачки ситуации, во кои не можеме повеќе да имаме прекини на помошта", рече тој во интервју во Брисел.

Кратко по преземањето на функцијата на 20 јануари, претседателот Доналд Трамп нареди сеопфатна ревизија на речиси целата странска помош на САД за да се осигура дека е усогласена со неговата политика „Америка на прво место".



Американскиот Стејт департмент потоа издаде наредба за прекин и откажување на сета постоечка помош во странство и ја паузираше секоја евентуална нова помош.

САД е најголемиот донатор на Агенцијата за бегалци УНХЦР, што им помага на милиони луѓе низ светот кои бегаат од конфликти и прогони.



Минатата година, САД донираше повеќе од 2 милијарди долари на УНХЦР, што е околу 40 проценти од вкупниот износ што го добила Агенцијата.

По првичната одлука на САД, државниот секретар Марко Рубио издаде дополнителни наредби кои дозволуваат ослободување од замрзнувањето на животоспасувачката помош и итната помош за храна, што Гранди го гледа како позитивен знак.



„Добивме писма за изземање за некои земји и некои активности. Ние сега се обидуваме да видиме како овие исклучоци ќе ослободат средства. Ние сметаме дека е во интерес на САД да бидат силна хуманитарна сила. Ова е важно не само за луѓето кои имаат корист од тоа, туку и во однос на авторитетот, безбедноста, кредибилитетот на САД низ светот", рече Гранди.