Радев уверува дека Владата и Парламентот ќе ги преземат сите мерки за влез во еврозоната
Убеден сум дека Владата и Парламентот ќе ги преземат неопходните мерки и ќе ги донесат неопходните одлуки за да влеземе во еврозоната, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев на отворањето на форумот на магазинот „Економист“ во Софија, јави БТА.
„Бугарија отсекогаш била составен и важен дел од Европа. Не можеме да си дозволиме да станеме периферија на Европската Унија. Во нашиот договор со ЕУ пишува дека ќе влеземе во Шенген и во еврозоната“, посочи шефот на државата.
Тој додаде дека периодов се води дебата за ова прашање во општеството.
„Но, прашање е само кога ќе станеме членка на еврозоната и убеден сум дека бугарската влада, парламентот и сите институции ќе ги преземат неопходните мерки и ќе ги донесат неопходните одлуки за ние да влеземе во еврозоната“, рече Радев.
Шефот на бугарската држава посочува дека треба да се развие силен механизам за следење и контрола на цените, оти во спротивно како што рече, може да се случи разочарување.
Романија и Бугарија, по 13 години чекање, на 1 јануари станаа полноправни членки на Шенген зоната. Во март 2024 година беа укинати контролите на воздушните и поморските пристаништа, а кон средината на декември овие две земји добија согласност од нивните европски партнери да ги укинат контролите и на копнените гранични премини.
Возачите и патниците повеќе не мора да покажуваат никакви лични документи, а автомобилите ќе поминуваат без контрола. Бугарија и Романија чекаа да станат членки на зоната за слободно движење на европскиот континент од 2011 година.