ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Претрес кај Пеце Мирчески, екс директорот на СОЗР

0
Управата за Финансиска полиција денеска (5 февруари)врши претрес кај поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески, дознава Радио Слободна Европа.


Претресот е во координирана акција на Управата за финансиска полиција и Обвинителството.


Од ОЈО кусо соопштија дека заедно со Финансиската полиција преземаат дејствија за обезбедување докази во предмет за неколку кривични дела - примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.


„Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба од судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“, соопштуваат од ОЈО.


Извори од истражните органи вклучени во постапката за РСЕ велат дека истрагата опфаќа сомневања за финансиски злоупотреби во времето кога Мирчески беше прв човек на СОЗР, а неговото раководење со институцијата било предмет на проверка од Финансиската полиција во изминатите пет месеци.


Пеце Мирчески беше директор на Службата за општи и заеднички работи во периодот од јуни 2017 до јуни 2024 година. Тој имаше и партиска функција како претседавач на Централниот одбор на СДСМ.