Шефот на турската дипломатија вели дека планот на Трамп за Газа е неприфатлив
Турскиот шеф на дипломатијата го критикуваше предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, Соединетите Држави да го преземат Појасот Газа и да ги преселат Палестинците во други земји.
„Ова е неприфатливо прашање“, изјави министерот за надворешни работи, Хакан Фидан за агенцијата Анадолија.
Трамп вчера предложи САД да ја преземат Газа, каде што израелската воена акција во изминатите 16 месеци уби десетици илјади, откако претходно предложи Палестинците во енклавата да бидат трајно раселени.
Идејата беше осудена од експерти и застапници за човекови права.
Претходните коментари на Трамп дека Палестинците треба да се преселат во Египет и Јордан веќе беа јавно отфрлени од палестинските и арапските лидери, а исто така беа осудени од поборниците за човекови права како еднаков на предлог за етничко чистење.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 4 февруари објави предлог според кој раселените Палестинци ќе го напуштат Појасот Газа, дозволувајќи им на САД да ја преземат „сопственоста“ на крајбрежната територија и да ја развијат економски во, како што рече, „феноменално“ место каде што многу националности би можеле да живеат во мир.
Трамп рече дека ова ќе се случи по преселувањето на палестинскиот народ во други земји за да ги извлече од, како што рече, „пеколната дупка“ од урнати згради по повеќе од една година војна меѓу Израел и Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија.